Овогодишното издание повторно како и секоја година, ќе изобилува со познати имиња од европската и светска музичка сцена, со огромна поддршка од локални артисти чија матична сцена се гради токму во МКЦ.

Во таа чест, на наше огромно задоволство го најавуваме и првиот бенд за 12-то издание на ЗДРАВО МЛАДИ: DEERHOOF, калифорниската нојз панк супер група оформени далечната 1994 година.

Со над 18 космички албуми кои се истовремено и експериментални и поп, Deerhoof отсекогаш трагале по смели приказни и радикални звуци, создавајќи во процесот свој револуционерен јазик за разбирање со публиката. Нивниот албум од 2020 насловен како Future Teenage Cave Artists, критичарите го оценија како омниприсутен, илустрација на лична бајковита визија од постапокалиптични мелодии кои одѕвонуваат во глава, украсен со крајно невообичаени дигитални методи на снимање. Неговото продолжение Love-Lore пак, претставува мозаично љубовно писмо со обработки од песни во живо на  артисти како Parliament, Sun Ra, Stockhausen, канализирани во анти-тоталитарни пораки кои го инспирирале бендот.

Нивниот последен албум, Actually, You Can е жанровски најразновиден и во основа пружа најколоритна вибрантност. За овој албум бендот вели: “Замислете ја сета убавина, позитивност и љубов на светот која секојдневно се прогласува за грда, негативна и омразена од само прокламираните чувари на “здравиот разум”. Тешко дека ние ќе сме виновни за уништување на општеството со разоружување на нивните колонијални економии и затвори и родови улоги и естетика. Напротив, така ќе сме дел од неговото создавање!”

Deerhoof во минатото беа и на заедничка турнеја со познатите Radiohead.

https://deerhoof.website/

Одличниот дизајн кој оваа година го краси 12-тиот ЗДРАВО МЛАДИ е дело на младиот македонски уметник Гоце Илиевски.

Бидете во тек на нашите социјални мрежи за повеќе новости, најавуваме жестока музичка програма!

Билетите за овогодишното издание на фестивалот може да се набават онлајн преку bileti.mkc.mk или на билетарницата на МКЦ со почетна цена од 500 денари.

Претходна статијаTwitter сепак ќе добие можност за измена на објавите
Следна статијаMicrosoft најави конечно додавање поддршка за „табови“ во File Explorer