Microsoft вчера го одржа својот „See the Future of Hybrid Work, Powered by Windows“ настан во кој можеа да се видат одредени новини кои од компанијата ги спремаат за Windows, како и другите сервиси.

Со оглед на тоа дека повеќето новини повеќе би ги интересирале компаниите, односно тие кои практикуваат хибриден начин на работа, како што кажува и самиот наслов на настанот, една работа привлече најмногу внимание за нас обичните корисници.

Тоа е конечната потврда од Microsoft дека File Explorer добива поддршка за „табови“. Ова е нешто што со години се бара од страна на корисниците, а е и причина зошто се толку популарни неколку алтернативи.

Оваа новина функционира точно како што би се очекувало, односно корисниците сега ќе може да отворат повеќе табови во File Explorer, наместо повеќе прозори, да ги поместуваат, да префрлуваат датотеки и папки и слично.

Од Microsoft за жал не објавија кога може да се очекува оваа новина за сите корисници, па претпоставките се дека тоа би се случило во есен кога ќе биде пуштена и првата поголема надградба на Windows 11, 22H2.

File Explorer добива уште неколку новини кои корисниците веќе ги тестираат преку Dev и Beta каналите од Windows Insider, како што се можноста за прикачување на датотеки на главниот екран од апликацијата, нови можности за споделување и слично.

Целиот вчерашен настан можете да го погледнете на следниот линк.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаМКЦ го најавува годинешниот фестивал ЗДРАВО МЛАДИ #12
Следна статијаPlex сака да стави крај на „маките“ при избор што да се гледа на различните стриминг сервиси
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.