Со најновата Dev верзија од Windows 11, покрај неколку нови апликации и останати исправки, Microsoft вклучи и една новина која корисниците одамна ја бараат и чекаат. Интересно е што од компанијата официјално ја немаат пуштено оваа новина, па корисниците како и обично, само ја имаат откриено.

Се работи за можноста за отворање на повеќе различни File Explorer прозори, но сите поставени во главниот прозор или со други зборови оваа апликација конечно добива „табови“.

Табовите во File Explorer се нешто што корисниците го бараат со години, а поради тоа популарни се неколку алтернативи кои ја овозможуваат оваа функција.

Корисниците со можноста да отворат повеќе табови во File Explorer, покрај тоа што добиваат можност за работа со повеќе папки без непотребното отворање на повеќе прозори, ја добиваат и можноста за доста полесно префрлување на датотеките од една во друга папка.

Фактот што оваа функција се тестира во Dev каналот, а и од Microsoft ја немаат официјално споменато, остава мал „страв“ дека истата уште не е планирана да биде пуштена, па може и да не ја видиме во наредната поголема надградба која се очекува оваа есен.

Нема начин како да се знае какви се плановите на Microsoft во оваа фаза, но сепак тестирањето на функцијата значи дека се работи на истата, па сме оптимисти дека ќе ја видиме наскоро достапна и во финалните верзии за сите корисници.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаНајновата Windows Insider верзија од Dev каналот на Windows 11 донесува две нови апликации
Следна статијаSamsung ја пушти надградбата на системот за намалување на перформансите – GOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.