File Explorer во Windows 10 е функционална алатка за работа со датотеките на компјутерот, а иако одамна не е променета, таа сепак има добиено по некое освежување на делови од корисничкиот интерфејс.

За повеќето корисниците изгледот на File Explorer не е некако проблем, затоа што сепак функционалноста е прилично добра, па ретко на кого му треба некоја од понапредните алтернативи.

Една од подобрите до сега алтернативи стана достапна во Microsoft Store. Files е името на апликацијата, едноставно и досега е можеби првата апликација која нуди доста функции, заедно со модерен дизајн, во рамките на Fluent дизајнот од Microsoft.

Апликацијата е со отворен код и покрај во Microsoft Store може да се симне и од GitHub.

Files има прилично едноставен кориснички интерфејс кој може да се каже дека е направен во стилот на Settings на Windows 10. Тоа е и одлична работа поради што на голем дел од корисниците ќе им се погоди како континуиран стил за полесно користење.

На левата страна како што би се очекувале се поставени достапните дискови и папки, додека на десната страна се достапни содржаните датотеки. Апликацијата функционира на основа на табови, што значи дека нема да мора да се отвора посебен прозор за секоја посебна работа. Исто така, може да се избере и поделба на екранот на два дела, со што се добива можност за лесна работа со две папки во исто време.

Files може да се намести да се користи во светла или темна тема, но исто така може да се избере и да ја следи темата на Windows 10.

Во Settings од Files има доволен број на опции за да се прилагоди функционирањето на апликацијата која сепак не може да се каже дека ги има сите можни функции достапни во File Explorer, но е прилично блиску.

Од нашето искуство со апликацијата таа сепак уште е во развој, иако излезе од бета. Се случува да се исклучи, а посебно при отворање на папки со повеќе слики, а исто така знае да се закочи ако се остави минимизирана одреден период.

Претходна статијаHuawei рангиран како најдобар 5G оператор според најновиот извештај на Ookla
Следна статијаRenault го враќа познатиот Renault 5 како целосно електричен автомобил дел од Renaulution стратегијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.