Познатиот сервис Plex, кој изминатите години има за цел да се смета за сервис со легална содржина, најави нова функција која корисниците на повеќе стриминг сервис ќе кажат, зошто некој не ја направи порано.

Од сервисот пуштија бета верзија од нов дел за откривање на содржина наречен „Discover“, кој сега веќе нема да препорачува содржина само од Plex, туку од било кој друг сервис кој ќе го изберете.

Достапни се повеќето стриминг сервиси кои постојат, па дури и многу други за кои доста од нас немаат ни слушнато. Тука се Netflix, HBO Max, Amazon Prime Video, Disney+ и уште многу други.

Корисниците кога ќе го вклучат бета Discovery делот, ќе им биде побарано да ги изберат сервисите кои ги користат, за жал во нашата земја уште стои дека нема поддржани сервиси, по што овој дел ќе почне да им препорачува што може да гледаат.

Тоа значи дека на едно централно место ќе може да се гледаат препораки за сите избрани сервиси, наместо тоа да се прави посебно со вклучување на секој сервис и гледање на нивни препораки.

Покрај гледањето на препораки, корисниците може да си прават листа на гледање, односно филмови и серии кои ги интересираат, да гледаат трејлери и слично. Со тоа ќе имаат една организирана листа на содржина, за лесно да може да се избере што да се гледа.

Во оваа листа не мора да има само достапна содржина, па Plex кога истата ќе стане достапна, ќе покаже на кој сервис може да се гледа.

„Аххх „танцот со апликаците“. Го знаете ова  – кога седнувате со најдобра намера да гледате филм, но по 30 минути вртење од една апликација до друга, конечно го оставате далечинското и заспивате гледајќи Сајнфелд… повторно. Ако ова ви е позната рутина и ви прави проблеми, не сте сами.“ – истакнаа од Plex многу точно.

ИЗВОРPlex
Претходна статијаMicrosoft најави конечно додавање поддршка за „табови“ во File Explorer
Следна статијаGoogle Chrome ќе добие „водич за приватност“ за подобро разбирање на прилагодувањата во прелистувачот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.