Со пуштањето на јубилејната стота верзија од Chrome, Google воведува дополнителна функција која на корисниците треба да им помогне подобро да ги разберат и променат достапните прилагодувања за приватноста. Ова е една од најпопуларните теми изминатите години, а веќе се верува дека приватноста на корисниците на интернет скоро и да не постои, иако тоа не е баш точно.

Новата функција е наречена „Privacy Guide“ и во основа самото име кажува што може да се очекува од неа. Се работи за еден вид на водич, односно презентација на достапните прилагодувања кои се поврзани со приватноста.

Водичот е наменет повеќе за корисниците кои можеби не ги разбираат овие прилагодувања доволно, па на овој начин ќе им биде објаснето што секое прилагодување значи и што предизвикува неговата промена.

Во водичот за почеток ќе бидат достапни објаснувања за контролите за колачињата, синхронизирањето на историјата на сурфање на серверите на Google, функцијата за безбедно сурфање, како и функцијата која овозможува да се подобрат пребарувањата и сурфањето.

Од Google истакнуваат дека со тек на време планираат да воведат повеќе работи во водичот, зависно од што е тоа што ќе го побараат корисниците.

Овој водич може да се најде во Privacy and security делот во Settings, но ќе стане достапен во неделите што следат за корисниците на Chrome 100 или понова верзија.

По започнувањето на водичот, истиот може да биде прекинат и да се продолжи во некое друго време. Сите направени промени остануваат зачувани.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаPlex сака да стави крај на „маките“ при избор што да се гледа на различните стриминг сервиси
Следна статија„Макпетрол“: 50 години од отворањето на најпрепознатливата бензинска станица во земјава
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.