Shutterstock.com

Елон Маск сериозно размислуваше да започне сопствена друштвена мрежа, но изгледа сепак одлучи да почне да влијае во развојот на неговата омилена мрежа Twitter.

По критиките дека принципите на слободата на говор не се почитувани од страна на Twitter и дека со тоа се поткопува демократијата, Елон Маск купи 9,2% од акциите на компанијата и со тоа стана најголемиот поединечен акционер. Проценетата вредност на овие акции е 2,89 милијарди долари.

Овој процент можеби е далеку од сопственост над компанијата, но сепак е доволно голем за да може да влијае на одлуките кои се носат од страна на неа.

Според одредени информации, ова е само првиот чекор кон купување на поголем процент од компанијата со крајна цел да се стане и нејзин сопственик.

По објавувањето на оваа информација Маск постави и прашање на Twitter, покажувајќи дека тој дефинитивно планира да има влијание на работата на мрежата. Прашањето беше дали корисниците би сакале да биде додадено копче за измена на веќе објавените „твитови“, нешто што одамна се бара, но од компанијата не сакаат да го воведат поради замислата како функционира оваа мрежа.

Поголемото влијание од страна на Маск на Twitter може да се смета како позитивна работа која може да донесе доста потребни промени во светот. Друштвените мрежи почнаа доста да одлучуваат што сметаат дека може да биде објавено, а тоа почна често да се прави и за објави кои немаат врска со говор на омраза, повикување на насилство, туку едноставно несогласување со тоа што е кажано.

Оваа практика посебно излезе на површина со корона кризата каде медиумите и друштвените мрежи играа голема улога во непотребното плашење на луѓето, како и криењето на одредени информации кои сега веќе се сметаат за стандардни.

Купувањето на Twitter исто така е доста пологичен избор во споредба со развој на целосно нова мрежа, како што тоа се обидува да го направи поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаПознатиот DeLorean ќе добие модерна и целосно електрична концепт верзија оваа година
Следна статијаИзбрани се македонските претставници на Red Bull Paper Wings 2022
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.