Фото: Shutterstock.com

Disney+, еден од сега повеќе конкуренти на Netflix, започна со работа во 2019 година. Според тогашните најави сервисот веќе требаше да е достапен и во нашата земја, но корона кризата ги одложи плановите.

Сервисот конечно до летото оваа година, ќе ја прошири својата достапност со 42 нови земји, меѓу кои и Македонија. Цената по која ќе биде достапен сервисот тука не е уште позната, а не може баш да се спореди со САД, со оглед на тоа што не ретко таму цените се повисоки.

Покрај Македонија, Disney+ ќе добијат и Албанија, Алжир, Андора, Бахреин, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Египет, Естонија, Грција, Унгарија, Ирак, Израел, Јордан, Косово, Кувајт, Латвија, Либан, Либија, Лихтенштајн, Литванија, Малта, Црна Гора, Мароко, Оман, Палестинските територии, Полска, Катар, Романија, Сан Марино, Саудиска Арабија, Србија, Словачка, Словенија, Јужна Африка, Тунис, Турција, Обединетите Арапски Емирати, Ватикан и Јемен.

Со доаѓањето на Disney+ може да се каже дека веќе во нашата земја ќе бидат достапни повеќето познати светски стриминг сервиси. Моментално во Македонија може да се користат Netflix, Amazon Prime Video, HBO GO, Pickbox NOW и најново, нашиот македонски сервис Gley.

HBO GO од оваа година ќе биде заменет со поновиот HBO MAX сервис кој веќе функционира во САД, а исто така оваа година ќе дојде и новиот сервис SkyShowtime, кој ќе ја донесе познатата содржина од SHOWTIME, Nickelodeon, Paramount Pictures, Paramount+ Originals, Sky Studios, Universal Pictures и Peacock и други.

На Disney+ ќе може да се гледа содржина од Disney, Pixar, Marvel, Star Wars, па корисниците од оваа година веќе може да имаат и проблем да се одлучат кој се сервис да го користат.

ИЗВОРAbsolute Geeks
ИЗВОР 2Variety
Претходна статијаТелефонот од Google со екран кој се превиткува треба да се вика Pixel Notepad и да се продава по цена од 1.400 долари
Следна статијаAndroid апликации, подобрувања кај „таскбарот“ и две редизајнирани апликации доаѓаат идниот месец кај Windows 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.