Лицето на одличната Surface линија со години, а изминатите неколку и на Windows, Панос Панај, излезе со објава во која говори за растот на користењето на PC компјутерите, како и на Windows. Тој посебно истакна за задоволството на корисниците на Windows 11 во споредба со Windows 10, а најави и дека повеќето корисници кои имаат компатибилен компјутер, веќе ја имаат добиено понудата за надградба на Windows 11.

Сепак, главната информација, иако кратка и оставена за на крајот од објавата, беше најавата дека Windows 11 ќе добие надградба идниот месец која ќе донесе неколку нови функции, што значи дека нема да мора да се чека до есен за кога се очекува првата поголема надградба на овој оперативен систем.

Главната новина ќе биде пуштањето на поддршката за Android апликации во тест форма за сите корисници. Оваа функција, која првично се најавуваше за минатата година, им беше пуштена на корисниците во бета каналот во САД, па ќе видиме дали идниот месец ќе можеме да ја користиме и во нашата земја.

Другите новини донесуваат подобро искуство со таскбарот, односно ќе биде додадена можност за „mute“ за време на разговорите, како и полесно споделување на екранот. Ова се однесува на вградената верзија на Microsoft Teams во Windows 11.

Две од апликациите на Microsoft ќе ги добијат новите и редизајнирани верзии, односно ќе ги видиме новиот Notepad, како и новата унифицирана Media Player апликација.

Уште една мала, но интересна новина ќе стане достапна од идниот месец, а тоа е ново копче за пристапување до виџетите на кое ќе се гледа временската прогноза.

Панос Панај не даде информација точно кога идниот месец може да се очекува оваа надградба, па можеби ќе биде пуштена за време на месечната надградба која се случува во вторник.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаDisney+ станува достапен во Македонија од ова лето
Следна статијаGoogle излезе со нова замена за „колачињата од трети страни“ наречена Topics
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.