Корисниците на Windows 11 ќе добијат целосно нова Media Player апликација која треба да ги замени и унифицира моменталните Groove Music и едноставната Movies & TV, како и уште достапната стара Windows Media Player.

Новата апликација од оваа недела им е достапна на корисниците на Windows Insider, поточно во каналот за програмерите. Овој канал не е поврзан со некоја наредна верзија од Windows, за разлика од бета каналот, па поради тоа и не е познато кога би можело да се очекува пуштање на апликацијата за сите корисници.

Новата Media Player е направена во стилот на Windows 11. Тоа значи дека има чист дизајн, со проѕирни делови, како и заоблени ќошиња. Апликацијата е едноставна и преку неа може да се гледаат сите аудио и видео датотеки на корисникот.

Media Player не е замислена да се користи со онлајн сервиси, па таа во главно може да им се погоди на корисниците кои уште ја користат старата Windows Media Player или ја симнуваат одличната VLC.

Со се почестото користење на стриминг сервиси, како за аудио, така и за видео содржина, ваквите апликации остануваат популарни кај корисниците кои уште ја симнуваат својата содржина од торент, како и кај корисниците кои од време на време имаат потреба од пуштање на некоја „медиа“ датотека.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаWindows 10 November 2021 Update стана достапна за сите корисници
Следна статијаQualcomm најавува нов чип за PC кој ќе им конкурира на M чиповите од Apple
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.