Фото: Shutterstock.com

Apple оваа година започна со претходно неофицијално најавуваното тргање од Intel и развој на сопствен чип за нивните Mac компјутери. Првата генерација беше претставена во првата половина од годината, а подоцна, поточно минатиот месец го видовме и засилувањето на чиповите со два нови чипови, M1 Pro и M1 Max.

Нема тест направен на овие чипови кој не покажува одлични резултати и покрај тоа што се работи за ARM чипови, а не x86 кои обично се користат кај лаптоп и десктоп компјутерите. Апликациите во случајот со Apple многу побрзо беа прилагодени, за разлика од тие кај Windows кои никогаш и не добија целосна ARM поддршка како што треба, а за останатите веднаш беше достапен одлично функционален емулатор.

Qualcomm не сака веќе овој углед да го има само Apple, па тие најавија дека нивниот нареден чип за компјутерите ќе биде многу подобар од нивниот досегашен Snapdragon 8cx од пред некоја година.

Новиот чип од Qualcomm се најавува за 2023 година и според компанијата тој ќе може да им конкурира на чиповите развиени од Apple, само на страната на PC компјутерите. Со развојот на Windows 11 слободно може да се каже и дека овие компјутери ќе имаат и добра основа за работа.

Првите чипови би им биле пуштени на партнерите некаде во 2022, но првите комерцијални производи се очекуваат за 2023.

Од Qualcomm исто така најавуваат подобрувања кај нивниот Adreno графички процесор кој е дел од нивните чипови, а се најавуваат перформанси споредливи со сегашните десктоп машини.

Сето ова е благодарение на компанијата Nuvia која Qualcomm ја купи оваа година, а е составена од поранешни вработени во Apple кои имаат работено на A чиповите од компанијата, односно чиповите кои се користат во мобилните и таблет компјутерите.

Целата „фама“ околу развојот на добар ARM чип е што со овие чипови е можноста за ниска потрошувачка, брзо продолжување со работа, нешто што е карактеристично за мобилните уреди.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаMicrosoft претстави нова Media Player апликација за Windows 11
Следна статијаИзвештајот на Европската комисија е критичен во однос на измените на Законот за електронски комуникации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.