За разлика од темпото на надградби кај Windows 10, новиот оперативен систем од Microsoft, Windows 11, ќе биде надградуван еднаш годишно. Истото важи и за Windows 10 од оваа година, систем кој и така последните години имаше една поголема надградба, додека втората беше минимална.

Кога говориме за надградби, мислиме на тие со нови функции, додека месечните безбедносни надградби и тие со исправки на грешки, остануваат да бидат редовно пуштани за корисниците.

Според информациите на порталот Windows Central, корисниците можат да очекуваат доста добра листа на новини кои ќе станат дел од Windows 11 со годинешната и прва надградба на овој нов систем. Тие исто така истакнуваат дека поголемиот дел од надградбите ќе може да се стават во категоријата на доработка на системот, односно надградби кои можеби би требало да бидат дел уште од првата официјална верзија.

Без разлика на тоа дали овие функции веќе требало да бидат дел од Windows 11, се работи за одлични додатоци, па еве кои се дел од нив.

Поддршка за виџети од трети страни

Лентата за виџети која започна како мал додаток на таскбарот на Windows 10, е одлична идеја од Microsoft, каде корисниците можат да ги видат своите наредните состаноци на календарот, временската прогноза, задачите во To Do и слично, а тука е и листата со новости.

Со годинешната надградба на Windows 11, лентата со виџети ќе добие поддршка за виџети од трети страни, а не само тие неколку што ги има од Microsoft. Со тоа лентата ќе стане многу повеќе корисна, а и прилагодена на секој корисник. Според информациите, виџети ќе може да се додадат од апликациите, без разлика дали тие се симнати преку Microsoft Store или не.

Поддршка за Android апликации

Оваа функција е најавена уште пред пуштањето на Windows 11, па се очекуваше дека ќе биде дел од системот уште од неговата прва верзија. Тоа сепак не се случи така, па моментално се тестира на помал дел од корисниците, а на сите се очекува да им биде пуштена со годинешната надградба.

Android апликациите се пуштаат на Windows 11 преку новиот Windows Subsystem for Android, во соработка со Amazon, односно нивната продавница за апликации.

Останати новини

Според информациите, Microsoft ќе даде поголемо значење на поддршката за ARM чиповите оваа година, нешто што како и да е, подобро е решено со Windows 11, за разлика од порано.

Покрај ова, се најавува и подобрување на темната тема на оперативниот, нешто што сега знае да не биде баш унифицирано на сите делови од корисничкиот интерфејс.

Додатно ажурирање на достапните апликации од Microsoft се очекува да продолжи оваа година, а исто така се очекува и унифицирање на апликациите за имејл во една Outlook апликација.

Се најавува и враќање на дел од тргнатите функции од таскбарот, како на пример доста корисната можност за пренесување на датотеки на некоја од апликациите на таскбарот, не ни е јасно зошто од Microsoft ја имаат тргнато оваа можност, мислевме дека се работи за „баг“ на почеток.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаSamsung го најави претставувањето на наредната генерација од нивниот Exynos чип и потврди дека ќе дојде со AMD RDNA 2 графика
Следна статијаГодинешниот Samsung Eco Remote се полни од радио брановите на рутерите, покрај од соларниот панел
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.