Доаѓа време за претставување на наредната генерација од чипот на Samsung, на кого работат повеќето телефони од компанијата надвор од САД. Exynos 2200 треба да е името на новата генерација, а истата ќе биде претставена на 11ти јануари, односно идниот вторник.

Нешто повеќе информации за карактеристиките на новиот Exynos нема, односно ќе видиме дали ќе работи на најновите дизајни за процесори од ARM, како главниот конкурент Snapdragon 8 Gen 1, кој работи на новата архитектура ARMv9.

Тоа што сепак го знаеме за Exynos 2200 и е нешто што повеќе од година дена е предмет на шпекулации, е соработката на Samsung со AMD и донесувањето на RDNA 2 графичката технологија кај овој чип.

Ова значи дека RDNA 2 архитектурата ќе дојде и кај мобилните, па се очекува дека ќе направи голем напредок во графиката кај мобилните игри, нешто слично со огромниот напредок кој го направи кај PC игрите, PlayStation 5, Xbox Series X и слично.

Секако, не може да се очекуваат сите карактеристики и перформанси од компјутерите и играчките конзоли да бидат донесени кај мобилните, но сепак може да се очекуваат доста големи подобрувања, а сигурно при претставувањето Samsung ќе најави и соработка со некои од „гејминг“ студијата.

RDNA 2 архитектурата ја донесе ray tracing технологијата кај графичките од AMD, нешто што донесе своја мала револуција кај гејминот кога за првпат беше претставено како технологија од страна на Nvidia. Интересно ќе биде да се види како се ова ќе изгледа кај мобилните.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаВраќањето на омилените серии на Pickbox TV
Следна статијаWindows 11 ќе добие повеќе новини со својата прва надградба оваа година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.