Поминати се години од кога Microsoft се реши да нивниот имејл сервис, без разлика за кого е наменет, да биде унифициран под брендот Outlook, порано познат само по десктоп апликацијата која ја користеа бизнисите.

Денес иако тој дел е прилично јасен и едноставен, ситуацијата со апликациите кои го носат името Outlook е нешто посложена. Достапни се повеќе различни апликации, а тоа е ситуацијата посебно на десктоп, на мобилен барем достапна е само една апликацијата за Android и iOS.

Според неофицијално објавени информации, Microsoft работи на унифицирање на десктоп апликации од Outlook и од идната година веќе би требало да биде достапна само една апликација без разлика од типот на корисник.

One Outlook, како што се гледа од страна наменета за тестирање од вработените во компанијата, со кодното име „Monarch“, е проектот кој ќе го направи унифицирањето.

Според Windows Central, Microsoft новата апликација, која ќе биде достапна за Windows и macOS, ја развива на веќе постојната веб апликација до која се пристапува преку outlook.com. Оваа апликација е најнова и најмногу развиена, па не е чудо што таа ќе биде основата за унифицирањето.

Со оваа веб апликација како основа, ќе бидат направени десктоп верзиите од Outlook за Windows и macOS, а оваа апликација исто така ќе ја замени Mail and Calendar апликацијата која доаѓа со Windows 10.

Од тоа што може да се види на веб апликацијата, истата дефинитивно овозможува најдобро искуство, со најмногу новини и функции. Се очекува дека до пуштањето на десктоп верзиите, ќе бидат додадени и дополнителни функции, а корисниците ќе го имаат истото искуство без разлика од каде се приклучуваат на Outlook.

Првата тест верзија се очекува да биде пуштена до крајот на годината, додека официјалното пуштање дури идната.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаМКЦ ја испрати годината со мултимедијална шестчасовна програма во живо
Следна статијаЕлон Маск планира „рака“ од кулата за лансирање да ги „фаќа“ ракетите при слетување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.