Компаниите Comcast Corporation и ViacomCBS објавија партнерство преку кое ќе донесат нов стриминг сервис во 20 европски земји, меѓу кои и Македонија од идната година. Точната дата кога може да се очекува новиот сервис не е објавена, а од компаниите истакнуваат дека тоа ќе зависи и од регулаторните тела во земјите.

Името на новиот сервис ќе биде SkyShowtime и во основа ќе донесе дополнителна конкуренција на моментално достапните Netflix, Amazon Prime Video, PickboxNOW и слични.

Со олгед на тоа што како дел од овие две компании се големи имиња од филмската индустрија, треба да се очекува одлична содржина, односно како што е најавено, филмови, серии и документарци.

Содржината која ќе биде достапна преку SkyShowtime ќе биде од SHOWTIME, Nickelodeon, Paramount Pictures, Paramount+ Originals, Sky Studios, Universal Pictures и Peacock, имиња кои веќе имаат сервиси во САД, но не се достапни на нашите простори.

Во најавата се истакнува дека може да се очекуваат повеќе од 10.000 часа на забавна содржина од некои од најдобрите креатори. Сервисот ќе има нови филмови и серии кои ќе бидат пуштани секој месец со избор од некои од најомилените класици, како и детска програма.

Покрај Македонија, SkyShowtime ќе биде достапен и во Албанија, Андора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Финска, Унгарија, Косово, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија и Шведска.

ИЗВОРComcast
Претходна статијаПредлозите на Македонија треба да го следат урамнотежениот пристап на ЕУ за сајбер-безбедност базиран на ризици
Следна статијаНајновите Samsung Bespoke фрижидери се достапни во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.