Фото: Shutterstock.com

По најавите дека Google работи на преклоплив Pixel, подоцна излегоа информации дека од компанијата го одложуваат пуштањето на овој уред, во главно поради неможноста добро да се конкурира на пазарот кој во главно сега за сега го држи Samsung.

Според информациите, оваа година треба да се очекува Google да влезе на сега веќе повеќе развиениот пазар на уреди со екран кој се превиткува, а тој уред нема да се вика Pixel Fold, туку Pixel Notepad.

Ова се секако неофицијални информации, но како што има покажано искуството досега, ваквите информации најчесто се покажуваат како точни.

Уште една интересна информација ја кажува цената по која Google наводно ќе го продава Pixel Notepad, а таа треба да биде 1.400 долари. Ова е доста пониска цена од конкурентите, па Google може да привлече поголемо внимание.

Информациите исто така кажуваат дека форматот во кој ќе биде направен овој уред нема да биде баш како Galaxy Z Fold3, туку повеќе како Find N од Oppo. Ова значи дека уредот ќе биде поширок кога е затворен во режим на смартфон, а кога ќе се отвори како таблет, ќе биде во landscape позиција.

Иако Fodl3 од Samsung е еден од подобрите уреди на пазарот, може да се каже дека висината на екранот, во комбинација со тоа колку е тесен, прави да корисниците не можат баш да го користат како смартфон, па најчесто ќе мора да го користат во таблет режим, а зависи од корисникот, ова може да е проблем.

ИЗВОРGSMArena
ИЗВОР 29to5Google
Претходна статијаТридневна бесплатна ЛЕГО работилница во Ист Гејт Мол
Следна статијаDisney+ станува достапен во Македонија од ова лето
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.