Компанијата Atlas VPN, врз основа на податоци од GlobalStats, излезе со статистика за бројот на корисници на интернет прелистувачите. Очекувано, а така изгледа ќе биде уште доста време, првото место го држи Google Chrome со повеќе од 3,3 милијарди корисници.

Тоа што е ново е поминувањето на границата од 1 милијарди корисници од страна на Safari од Apple, а ова е првиот прелистувач после Chrome кој успева да го постигне ова.

Бројките се однесуваат на целиот свет, а исто така за сите платформи заедно, односно на мобилните, таблет и десктоп компјутерите.

После Chrome и Safari, кои држат 64,91% и 19,03% од пазарот, доаѓаат Microsoft Edge со скоро 213 милиони корисници и 3,99% од пазарот, па Mozilla Firefox со скоро 180 милиони корисници и 3,26% од пазарот.

Веќе одреден период Firefox ги губи своите корисници, а тоа посебно дојде до израз по претставувањето на новата верзија од Microsoft Edge, направена на основа на Chromium кодот, со што овој прелистувач стана побрз и целосно компатибилен со сите веб страни.

Петтото место според оваа листа го има Samsung Internet кој е достапен само на мобилните и таблет компјутерите на Android, но сепак е доста популарен и има скоро 150 милиони корисници, а тоа е доволно за 2,86% од пазарот.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаВториот број на Скопје Култ, првиот скопски електронски културен магазин, е пред нас
Следна статијаMicrosoft го претстави Surface Laptop Go 2 со 11та генерација Intel Core i5 чип
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.