Културно информативен центар – Скопје забрзано навлезе во сите пори на градското културно живеење. Културниот аспект веќе ги покажува своите резултати преку освежена и интензивирана годишна програма, која започна со својата реализација во Центарот. Новина во работата на Културно информативен центар – Скопје беше и враќањето на информативниот карактер на установата што го воспоставиме преку издавање на првиот број на првиот електронски градски културен магазин, насловен „Скопје култ“, вашиот водич за сите културните случувања во градските културни установи во Скопје!

Денес пред нас е и вториот број на „Скопје култ“, издание за месеците јуни-јули 2022 година, кој бесплатно можете да го преземете на социјалните мрежи на Културно информативниот центар – Скопје или на линковите во продолжение.

„Скопје култ“ повторно ни носи преглед на културните настани во градот, како и авторски статии и интервјуа, за да се разбуди интересот за културата и уметноста, а културните вредности да се доближат до целата градска средина.

„Ако првенчето носеше извесна доза на страв и неизвесност од тоа каков ќе биде неговиот одзив, вториот број, како впрочем и секој нареден, се соочува со зголемена одговорност пред читателската публика. Особено кога првичните реакции биле и повеќе од очекуваното – позитивни и охрабрувачки. Покрај бројните честитки и пофалби за сработеното, содржински и визуелно, желбите за долговечност и можеби за идно печатено издание (што останува наша заложба), не изостанаа ниту зборовите на поттик: токму тоа му требаше на градот; списание што ја прави културата поблиску до нас; отворање на нови хоризонти…

Сето ова ни дава ветар во грб да продолжиме со истиот несмален ентузијазам во донесување на преглед на поважните културните настани во градот, манифестации и фестивали со цел да ги направиме поблиски до вас културните вредности што неспорно се темел на секое здраво граѓнско општество. Засега „Скопје култ“ ни покажа дека во Скопје не недостига урбана и активна публика, напротив, недостигаат медиуми што ќе ги задоволат нејзините потреби“ – Весна Дамчевска – Уредник на „Скопје култ“.

Уживајте во културните содржини на „Скопје култ“!

Линкови за преземање: ISSUU или fliphtml.

Претходна статијаТелеком обезбеди директен пренос од специјалниот перформанс на Били Ајлиш во Германија
Следна статијаSafari прелистувачот ја помина бројката од 1 милијарда корисници и е на второто место во светот