Firefox прелистувачот од Mozilla едно време слободно можеше да се каже дека е прелистувачот број 1 во светот, иако пазарниот удел не го покажуваше баш тоа. Сепак, Internet Explorer во тоа време уште држеше голем процент од пазарот поради тоа што доаѓа инсталиран со Windows, а после одреден период стана достапен и Google Chrome.

Изминатите години Firefox постепено ги губи своите корисници и тој тренд не престанува. Големиот број на во главно Chromium алтернативи, како Brave, Opera, Vivaldi, па и Microsoft Edge, почнаа да ги собираат корисниците кои не сакаат да го користат Google Chrome, кој уште е убедливо на првото место.

Firefox во изминатите скоро три години има изгубено повеќе од 46 милиони корисници, односно од 244, 248 милиони корисници на крајот од 2018, прелистувачот на 26 јули, според статистиките од Mozilla, има скоро 198 милиони корисници.

Според статистиките на компанијата Statcounter, Firefox е на третото место на пазарот на десктоп, мобилни и таблет компјутери со 3,45% удел. Пред Firefox е Safari со 18,65% од пазарот, додека Chrome останува на првото место со пазарен удел од 65,18%.

Четвртото место го држи Microsoft Edge со удел од 3,41%, па не е чудо до крајот на годината овој прелистувач да го преземе третото место од Firefox.

Како главна причина за оваа ситуација на Firefox е доцнењето со одредени надградби кои донесоа поголема брзина кај прелистувачот. Google Chrome во споредба долго време се сметаше за неспоредливо побрз во отворањето на страните, па кога Mozilla конечно успеа да го стигне, корисниците веќе се имаа навикнато да ја користат конкуренцијата.

Посебен проблем за Firefox направија одличните алтернативи на Google Chrome кои се направени на истиот код, односно на Chromium. Корисниците се одлучуваат за овие прелистувачи поради брзината и компатибилноста со страните, но без „следењето“ од Google.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаMicrosoft конечно ќе избере една OneNote апликација која ќе им биде достапна на корисниците на Windows
Следна статијаWindows 11 ќе добие нова функција за концентрација при работа која доаѓа со интегриран Spotify
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.