Преку блог објава на страната на Signal, директорот на непрофитната фондација и нејзин основач, Мокси Марлинспајк, објави дека се повлекува од својата позиција, а како главна причина за истото ја наведува спремноста на тимот да продолжи да ја води компанијата.

Тој ќе остане да биде вклучен во работата на Signal останувајќи како член на одборот на директори од каде ќе може да „остане посветен на помагањето да се остварува мисијата на Signal“.

Процесот на напуштање на главната директорска позиција ќе продолжи во наредните месец дена, а до наоѓањето на нов директор, оваа позиција привремено ќе ја преземе еден од основачите на познатата WhatsApp апликација која сега е во сопственоста на Meta (Facebook), Брајан Актон. Тој моментално е дел од одборот на директори како негов извршен претседател.

Како главна причина за оваа одлука, Марлинспајк ја истакнува спремноста на тимот да продолжи да функционира без негова голема вклученост, а ова било негова цел изминатите години.

„Со други зборови, после декада и повеќе, тешко е да се преувеличи изјавата колку Signal ми е важен, но сега се чувствувам многу удобно да се сменам себеси како CEO врз основа на тимот кој го имаме и исто така верувам дека е важен чекор во проширувањето на успехот на Signal.“ – истакна Мокси Марлинспајк во неговата блог објава.

Во објавата тој раскажува како работел на Signal скоро декада и колку бил посветен на работата, организирајќи ја целата работа, пишувајќи код, константно достапен, а понекогаш работел и седнат на тротоар при дожд.

Signal моментално е апликацијата за разговори број 1 кога е во прашање приватноста. Таа работи на посебно развиениот протокол од фондацијата кој е со отворен код и овозможува шифрирање на комуникацијата, без разлика дали се работи за пораките или видео и аудио повиците.

Сепак, Signal не е и без проблеми во својата работа, а посебно по најавата дека се размислува за воведување на можност за плаќање помеѓу корисниците со криптовалутата MobileCoin. Оваа валута е позната по својата приватност, но сепак според доста луѓе ова ќе отвори простор за можно нарушување на шифрираните разговори, како и правни проблеми поради можните тајни плаќања на нелегални активности.

ИЗВОРThe Hacker News
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаHonor го претстави својот прв уред на преклопување
Следна статијаSamsung Galaxy S21 FE 5G од сега достапен и во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.