Фото: Shutterstock.com

Познатата апликацијата за комуникација Signal, која уште важи за број 1 апликација според приватноста на своите шифрирани разговори, планира да воведе можност за префрлување на пари помеѓу своите корисници.

За да оваа можност биде во стилот на целата апликација, односно приватна, плаќањето би се правело преку криптовалута, во овој случај MobileCoin. Ова би требало да им овозможи на корисниците приватност при плаќањето, односно можност да никој не може да ги следи трансакциите, исто како што е случајот со пораките во апликацијата.

MobileCoin е понова и не толку позата криптовалута, меѓутоа е избрана поради начинот на функционирање кој не овозможува никакви шанси да може да се открие трансакцијата, како и сумата. Како посебна предност пред неколкуте други слични криптовалути се истакнува брзината на работа при трансакциите.

Од Signal се немаат одлучено, покрај за класичните сервиси за пари, да користат некоја од повеќе познатите криптовалути како Bitcoin поради сепак нецелосната заштита на приватноста на корисниците. Според компанијата, иако Bitcoin и сличните функционираат на основа на „blockchain“ технологија, сепак не е невозможно да се дојде со направените трансакции.

За почеток можноста за плаќање ќе им биде достапна на британските корисници, но нема информации кога би можела да се очекува и во остатокот од светот.

Не е само достапноста на функцијата тоа што треба да се почека. Користењето на криптовалутите уште не е доволно масовно и организирано. Нивната вредност често варира, а тука е и проблемот за тоа каде може да се претворат парите, како и каде може да се плати со самата криптовалута.

Како и да е, ова покажува во кој правец се движи Signal, а можеби покажува и дека криптовалутите се нешто кое се очекува дека во иднина ќе биде многу почесто користено.

ИЗВОРWired
Претходна статијаDyson има патент за робот правосмукалка која може да се качува по скали
Следна статијаПознатото „хипи“ комбе од Volkswagen ќе се користи како автономно такси кое сега почнува со тестирање
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.