Познатиот британски производител на правосмукалки и слични производи за домаќинството, има поднесено патент за робот производи кои може да се качуваат по скали, да отвораат фиоки и слични други активности.

Робот правосмукалките, иако не може да се каже дека станаа масовно користени од повеќето домаќинства, веќе одамна ги има и се спремни за да барем помогнат во одржувањето на домот.

Од Dyson кои веќе имаат во својата понуда вакви правосмукалки, очигледно сакаат да ги направат уште покорисни, а посебно за корисниците кои живеат во куќи.

Поднесувањето на патент не значи дека сигурно ќе го видиме патентираното во некој иден производ, но ова е нешто што дефинитивно може да се очекува во годините што следат.

Од патентот на Dyson не може да се заклучи дали ова е нешто на кое веќе работат или само го имаат патентирано како нешто што може би го размислиле да го доразвијат во иднина.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаDaimler ја претстави новата генерација од smart возилата која ќе биде целосно електрична
Следна статијаSignal тестира можност за плаќање помеѓу корисниците преку криптовалута
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.