Скопје, 11. Јануари 2022. – Samsung Galaxy S21 FE 5G, најновиот паметен телефон од серијата уреди S21 сега е достапен во Македонија. Galaxy S21 FE 5G е смартфон кој значително ќе го подобри корисничкото искуство, а со најсовремена камера со професионални поставки и уште подобро поврзување со екосистемот, станува вистинско уживање во светот на технологијата. Уредот е дизајниран да одговара на секој корисник, го краси уникатен дизајн и носи одлични перформанси за надминување на обврските во динамичното секојдневие како и за уживање во омилените апликации и содржини. Препорачана малопродажна цена на уредот Galaxy S21 FE 5G во Македонија е 44.999 денари, а е достапен во маслинова, лаванда, графитна и бела боја.

Карактеристичен дизајн и персонализација

Новиот Samsung Galaxy S21 FE 5G носи елегантен и тенок дизајн од 7,9 мм во маслиновa, лаванда, графитna и бела боја со мат финиш што го прави да изгледа уште помоќен, а она што особено ќе им се допадне на корисниците е рамката Contour-Cut која беспрекорно ја поврзува камерата за уникатен визуелен впечаток на уредот. Galaxy S21 FE 5G со себе носи иновативен оперативен систем One UI 4 со многу функции кои ќе го воодушеват секој корисник – персонализиран кориснички интерфејс, дизајн на вашиот сопствен почетен екран, икони, позадини и widget-и  според индивидуалните преференции и стилови и нова контролна табла за подобра приватност и безбедност на уредот.

Врвна графика со долготрајна батерија

Поради моќните перформанси и растечката технологија на паметните телефони, уредот мора да содржи и долготрајна батерија. Galaxy S21 FE 5G поради неговата издржлива батерија и опцијата за супер брзо полнење од 25 W им овозможува на корисниците целодневна употреба и уживање во нивните омилени апликации и содржини. Она со што може да се пофали новиот Galaxy S21 FE 5G е беспрекорниот Dynamic AMOLED 2X дисплеј кој обезбедува највисока резолуција и висококвалитетен графички приказ, додека неговата брзина на освежување на екранот од 120 Hz ќе обезбеди неверојатно непречено корисничко искуство. Страсните гејмери ​​ќе имаат подеднакво задоволство од овој нов уред, како и просечните корисници кои го користат својот паметен телефон за секојдневни мултитаскинг и социјални мрежи.

Беспрекорни поставки за камерата

Бидејќи паметниот телефон Galaxy S21 FE 5G ги носи токму оние карактеристики што корисниците најмногу ги посакуваа, една од нив е камерата со врвна класа. Камерата на овој уред содржи голем број професионални поставки кои ќе им овозможат на корисниците да уживаат во уште поживописни фотографии и да создаваат спомени. Подобрениот Night Mode обезбедува уште подобри ноќни фотографии, а со Galaxy S21 FE 5G ви е загарантирано најдоброто селфи поради предната камера од 32 MP, додека опцијата AI ​​Face Restoration ќе се погрижи да изгледате најдобро на секоја фотографија. Дополнително, можете без напор да ги уредувате, објавувате и споделувате вашите фотографии, без разлика дали сте аматер фотограф или вистински професионалец. Galaxy S21 FE ќе биде достапен во маслинаста, бела, лаванда и графитна боја со 128GB меморија по препорачана малопродажна цена од 44.999 денари. Повеќе информации може да најдете на линкот https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s21-5g/galaxy-s21-fe-5g/

Претходна статијаДиректорот на Signal се повлече од својата позиција, ќе остане во одборот на директори
Следна статијаOnePlus 10 Pro е најновиот смартфон од високата класа од овој популарен кинески производител

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.