Познатиот под-бренд на Huawei, Honor, кој сега функционира како посебна компанија, при крајот на минатата година најави дека ќе претстават уред со екран кој се превиткува и со тоа ќе влезат на овој пазар кој изгледа годинава ќе добие доста голем напредок и конкуренција.

Honor Magic V е името кое беше објавено за време на најавата на уредот, па сега го имаме и официјалното претставување. Сепак, Magic V ќе се продава само во Кина, барем на почеток, па најверојатно повеќето корисници нема да можат да го купат, но доаѓа како одлична конкуренција која ќе го раздвижи овој пазар кој е во развој.

Стилот на уред на преклопување кој е Magic V е најчесто користениот во форма на книга, односно уред кој се претвора од мобилен во мал таблет. Тоа значи дека кај овој уред се достапни два екрани, едниот кој се превиткува и е поголем и уште еден помал екран кој се користи во режим на телефон.

Од Honor во самата најава истакнуваат дека помалиот екран е нешто поширок од конкуренцијата, мислејќи на Fold3 од Samsung, со што корисниците добиваат корисничко искуство слично со користење на обичен смартфон, кога го користат помалиот екран.

Од компанијата исто така истакнаа дека механизмот за затворање целосно ги доближува двете страни од уредот поради користење на таканаречен „капка“ систем. Овој систем мора да се користи кога уредот целосно се затвора и не се остава ни мал простор, за да не дојде до оштетување на екранот на превиткување кој сепак не може целосно да биде превиткан.

Големината на екранот кој се превиткува кај Honor Magic V е со големина од 7,9 инчи и има резолуција од 2.272 на 1.984 пиксели и стапка на освежување од 90 херци. Кај надворешниот, односно помалиот екран, големината е 6,45 инчи и има резолуција од 2.560 на 1.080 инчи со стапка на освежување од 120 херци.

Honor Magic V е уред од највисоката класа, па соодветно работи на моментално најдоброто достапно на пазарот. Чипот е Snapdragon 8 Gen 1, со 12GB RAM и избор помеѓу 256 и 512GB простор за податоци.

Батеријата е со капацитет од 4.750 mAh и може да се полни со брз полнач со 66W, што му овозможува 50% полнење за само 15 минути.

Три камери се поставени на задната страна од уредот и трите имаат по 50 мегапиксели. Покрај главната камера и камерата со широк агол на сликање, Honor ја промовира третата камера како камера со засилен спектар, но што точно тоа ќе донесе останува да видиме кога ќе им рецензии на уредот.

На предната страна од двата екрани поставени се по една камера со по 48 мегапиксели, што значи дека од компанија не штедела кога се во прашање слефи сликите и видео конференциите.

Цената на Honor Magic V ќе биде соодветна на видот на уред, односно на конкурентите, па ќе се продава во Кина за околу 1.600 долари.

Настанот на којшто беше претставен Honor Magic V можете да го погледнете во продолжение.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Honor
Претходна статијаInstagram започна со тестирање на хронолошкото прикажување на листата со новости
Следна статијаДиректорот на Signal се повлече од својата позиција, ќе остане во одборот на директори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.