Со оглед на успехот на третата генерација од преклопливиот уред на Samsung, Fold3, јасно беше дека останатите поголеми производители наскоро ќе почнат да излегуваат со сопствени модели. Тоа веќе се случува, а идната година ќе имаме повеќе избор, а сигурно Samsung ќе има повеќе работа за да ја задржи сегашната позиција.

Honor, брендот кој порано беше под Huawei, после неколку неофицијални најави, сега официјално потврдија дека наскоро ќе претстават свој уред со екран кој се превиткува. Најавите беа дека тоа треба да се случи во последната четвртина од оваа година, па останува уште малку за да се оствари тоа наскоро оваа година. Секако, не прави разлика ако уредот биде претставен и идниот месец.

Honor Magic V е официјалното име на уредот, но освен оваа потврда од Honor, нема други информации и не би знаеле што може да се очекува.

Дали Honor ќе го продолжи стилот на Huawei и нивниот Mate X кој, за разлика од Samsung, доаѓа само со еден екран кој се превиткува кон „надвор“ или сепак ќе го следи трендот на пазарот кој одлучи да оди во правецот на Samsung со две екрани, од кој едниот се превиткува како книга.

Покрај Honor, овој месец го видовме и Find N од Oppo кој има одлични први оценки, но за идната година има најави дека не треба да се очекува влез на овој пазар од Google и Apple, за кои се верува дека ќе почекаат до 2023, па дури и 2024 година.  

ИЗВОРGSMArena
Претходна статијаНаредната генерација од iPhone ќе има поголема разлика помеѓу „обичните“ и Про моделите
Следна статијаЗакажан онлајн настанот за компании и студенти „Твојата кариера во 2022 година”
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.