Фото: Shutterstock.com

Иако е навистина рано за шпекулации за наредната генерација на iPhone, поточно iPhone 14, сепак нив ги има и тоа не малку. Главното внимание е насочено кон најавите дека Apple конечно ќе го тргне исечокот од екранот кој го воведе со iPhone X и ќе го замени со повеќе популарниот и одамна користениот кај Android конкуренцијата исечок во форма на мала дупка само за камерата.

Оваа информација доволно пати беше пуштена да веќе се смета како доволно сигурна, па истата може да влијае уште сега на плановите на корисниците за промена на нивниот уред идната година, односно чекањето да го направат истото.

Според најновите информации, Apple сепак ќе ја искористи ситуацијата со исечокот на екранот за да направи поголема разлика помеѓу своите „обични“ и Про модели. Па така, според најавите, само Про моделите ќе имаат дупка за камерата, додека обичните модели ќе го задржат исечокот кој од оваа година е нешто помал.

Друга промена која се најавува за идната година е тргање на „mini“ моделот, кој најмалку се продава од целата серија. iPhone 14 повторно ќе има четири модели, но покрај стандардниот iPhone 14, се планира додавање на iPhone 14 Max модел кој ќе има екран со големина од 6,7 инчи, исто колку што има Pro Max моделот.

Тоа значи дека Apple до некаде ќе го поедностави изборот, односно ќе има две големини на телефони, а корисниците ќе изберат само дали сакаат да го купат обичниот или Про моделот.

Според дополнителни информации од изминатата недела, се најавува дека Про моделите идната година ќе имаат промена кај камерите, па наместо стандардниот сензор со 12 мегапиксели, iPhone 14 Pro ќе дојде со сензор со 48 мегапиксели.

Оваа информација доаѓа од познатиот Мин-Чи Куо, кој истакнува дека сликите повторно ќе бидат со 12 мегапиксели, но повеќе информации, односно светлина ќе може да биде обработена.

ИЗВОРGSMArena
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаSamsung иновации за нова ера на CES 2022 саемот
Следна статијаHonor влегува на пазарот на „преклопливи“ уреди, потврдија од компанијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.