Фото: Shutterstock.com

Уредите кои се преклопуваат, односно кои имаат екрани кои може да се превиткаат, дефинитивно ќе бидат многу почести во иднина. Оваа „револуција“ на мобилните уреди ја очекувавме нешто порано, со појавата на првите вакви уреди на пазарот, но сепак нивното усовршување и пад на цените ќе потрае уште некоја година.

Apple се верува дека исто така ќе влезе на овој пазар, а најверојатно и ќе нема избор ако сакаат да останат доволно релевантни на долгорочен план. За ова веќе неколку пати можевме да прочитаме шпекулации, па дури се очекуваше дека оваа или идната година ќе го видевме првиот iPhone кој се преклопува.

Сепак, Apple се познати по тоа што чекаат нешто да биде усовршено пред да го претстават, за разлика од Android конкурентите кои побрзо ги претставуваат своите иновации, па првите неколку верзии често имаат и одредени проблеми.

Според најновите информации, Apple продолжува да работи на развој на уред со екран кој се превиткува, но до пуштањето на овој уред на пазарот ќе поминат уште неколку години. Од компанијата имаат уште работа до доволно усовршување на уредот, па тој би можел реално да се очекува во 2023 година или дури во 2024.

До тогаш Samsung ќе има повеќе верзии на пазарот од нивниот Galaxy Fold кој оваа година ја достигна својата трета генерација која може да се каже дека е првата која е спремна за стандардно користење и масовна продажба.

Google исто така се очекува дека ќе претстави свој Pixel на преклопување, а досегашните најави овој уред го ставаат како спремен за претставување идната година.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаBitdefender ја гаси својата бесплатна верзија за корисниците на Windows
Следна статијаЕндава прославува 10.000 вработени ширум светот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.