Минатиот месец Samsung ја претстави третата генерација од нивниот уред со екран кој се превиткува и со тоа на корисниците им дава смартфон и мал таблет компјутер во едно. Galaxy Fold3, како што се очекуваше и пред неговото претставување, е генерацијата од уредот која ќе ги донесе овие уреди на масовниот пазар.

При првото вклучување на Fold3 реакцијата е дека веќе нема причина да се користи обичен смартфон. Ова е уред кој ги собира предностите од двата „света“ и ги донесува на едно место, па за корисниците кои не го користат својот телефон само за повици и пораки, Fold3 е револуцијата која со години ја најавуваме дека ќе дојде со екраните кои се превиткуваат.

После краткото привикнување на нешто потесниот „cover“ екран, како што го нарекуваат од Samsung помалиот екран кој се користи во режим на смартфон, односно кога Fold3 е затворен „како книга“, тоа веќе и нема да го забележувате, а се почесто ќе сакате да го користите поголемиот екран во таблет режим.

Револуцијата пристигна

Нема подобро корисничко искуство кај мобилните уреди од тоа кога разгледувате некои слики и кога ќе дојдете до таа што би сакале подобро да ја видите или покажете, да го отворите својот мобилен како книга и да ја видите сликата на големиот екран со 7,6 инчи. Ова е уште подобро кога ќе отворите YouTube видео заедно со одличните звучници кои се дел од Fold3.

Кратко кажано, за ситуациите кога ви е потребен само смартфон, Fold3 ќе го задржите затворен и стандардно ќе ја завршите саканата активност. За останатите активности, а посебно кога ќе се наместите на вашето омилено место на троседот или креветот, вие имате таблет компјутер кој не мора посебно да го прилагодувате и полните, тој веќе е дел од вашиот телефон.

Карактеристики

Galaxy Fold3 доаѓа со два одлични екрани кои уште пред да прочитате кои се нивните карактеристики, имате чувство дека се едни од најдобрите екрани кои некогаш ги имате користено. Помалиот, односно cover екранот е со големина од 6,2 инчи и резолуција од 2.268 на 832 пиксели. Уште поважно, екранот има стапка на освежување од 120 херци, а е заштитен со Gorilla Glass Victus.

Поголемиот екран, односно тој што се превиткува, е со големина од 7,6 инчи и има резолуција од 2.208 на 1.768 пиксели и исто како и помалиот екран има стапка на освежување од 120 херци.

Тоа што посебно се издвојува кај овој екран, а не беше баш очекувано прет најавата на уредот, е предната камера која е под екранот. Истата можеби уште не е во својата напредна форма, односно се гледа дека е тука, но прави огромна разлика ако се спореди со камерата поставена во мала „дупка“.

Зависно од што е тоа што се прикажува на екранот, пикселите над камерата прикажуваат или не содржина, па на пример кога се гледа видео, скоро и не може да се забележи дека има камера во тој дел, а сигурно не може да се спореди со целосниот недостаток на пиксели како кај екраните со дупка за камерата.

За разлика од другите Samsung уреди кои се продаваат на овие простори, Galaxy Fold3 доаѓа со Snapdragon чипсет, поточно Snapdragon 888, заедно со 12 GB RAM и избор од 256 и 512 GB простор за податоци со брзиот UFS 3.1.

Иако Samsung „се врати“ оваа година со новата верзија од нивниот Exynos чип, сепак може да се каже дека Galaxy Fold3 добива чип со нешто подобри перформанси, добредојдено за уред кој спојува два уреди во едно.

Двете селфи камери кај Folf3, едната кај помалиот и едната кај поголемиот екран, доаѓаат со резолуција од 10 мегапиксели, односно 4 мегапиксели во случајот на таа што е под екранот.

Квалитетот на овие камери е одличен, како и што би се очекувало, а и двете ги пробавме повеќе пати со неколку од најпопуларните апликации за видео повици.

На задната страна се поставени три камери со по 12 мегапиксели, а како што е можно кај уредите од Samsung, главната камера може да слика и со 64 мегапиксели кога истите не се групирани по избор на корисникот.

Батеријата на Fold3 е со капацитет од 4.400 mAh, па може да се каже дека поради задржување на тенките димензии на уредот, овој капацитет сепак не може да се спореди со таблет компјутерите. И покрај тоа, батеријата издржува и повеќе од што очекувавме, а и така живееме во време кога полнење на нашиот телефон е веќе навикната активност. Ние чуваме посебен полнач во секоја соба во домот, како и во колата 😊.

Перформанси и корисничко искуство

Работата со Galaxy Fold3 е кратко кажано, безпрекорна, а ова доаѓа од корисник на Galaxy S21, нов телефон од оваа година. Ова секако не е критика за S21,туку пофалба колку добро Samsung го има „испеглано“ корисничкото искуство на Fold3.

Повторно мора да се истакне, иако не се работи за некоја голема работа, но Samsung одлично го решиле префрлувањето од помалиот на поголемиот екран истото да биде мазно и едноставно да направи да е голема причина зошто овој уред едноставно вреди да се користи.

Менувањето на големината на апликацијата може да се вклучи да функционира и во обратен правец, односно да кога го затворите поголемиот екран, истата апликација продолжи да функционира на помалиот. Ова логично од Samsung го немаат вклучено стандардно, а и кога се вклучува се бира за која апликација би сакале да биде така, затоа што сепак, затворањето на уредот најчесто ќе го правите кога сакате да го заклучите.

Galaxy Fold3 навистина е таблет компјутер кој се склопува за да го собере во вешиот џеб или каде и да го чувате најчесто мобилниот. Нема да можете да гледате YouTube видео повторно на обичне телефон после и само кратко користење на Fold3.

Не е само гледањето на видео содржина тоа што е посебно добро на поголем екран. Овој телефон сигурно размислуваат да го купат и доста од корисниците кои често работат надвор од канцеларијата, па Fold3 овозможува да се завршат доста работа без потреба од отворање на лаптоп компјутерот.

Дали се работи за Word документи или уште подобро, Excel табели, со Fold3 навистина нема потреба од носење на лаптоп, а сигурно не може да се спореди со работата на обичен смартфон.

Батеријата во нашето искуство траеше задоволително долго, а ја полневме отприлика два пати на ден, но тоа е зошто често го користиме уредот, а и не сакаме да оставиме истата да се испразни. Доколку сакате, сигурно ќе успеете да издржите цел ден, но тоа и нема потреба, важно е дека Fold3 нема да ве остави без можност да ја завршите работата во било кое време.

ПРЕГЛЕД НА ОЦЕНКАТА
Екран
Перформанси
Батерија
Корисничко искуство
Претходна статијаHUAWEI MatePad 11 со HarmonyOS и стапка на освежување од 120 Hz сега е достапен на македонскиот пазар во пакет со пенкало и тастатура
Следна статијаMicrosoft Office 2021 ќе стане достапен од 5ти октомври заедно со Windows 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
recenzija-samsung-galaxy-fold3Samsung Galaxy Fold3 е уред кој напредните корисници не може да си дозволат да не го користат. Без разлика дали се работи за професионалец кој често работи надвор од канцеларијата или корисник кој често гледа видеа и слики, Fold3 ја започнува револуцијата кај мобилните уреди и со нетрпение чекаме да видиме какви ќе бидат овие уреди во иднина.