Ендава официјално ја надмина бројката од 10.000 вработени ширум светот – на локации во Западна Европа, Велика Британија, САД, Австралија, Сингапур, Централна Европа и Латинска Америка.

„Достигнувањето на ваква значајна бројка е доказ за нашата посветеност на креирање успешни тимови кои одлично работат со нашите клиенти, се развиваат и надоградуваат и поради тоа тие клиенти повторно се враќаат за да соработуваат со нас. На овој начин Ендава расте како целина, и се отвораат можности во компанијата за нашите луѓе да растат и да напредуваат кон поголеми улоги и нови предизвици“, изјави извршниот директор на Ендава, Џон Котерел.

„2021-ва беше година на учење, приспособување и постигнување одлични резултати – за клиентите, но и за вработените. Нашата култура е во центарот на сето тоа, овозможувајќи ни да бидеме најдобрата верзија од себеси и заедно да растеме преку вредностите кои ги делиме. Ендава е отворена за сите, бидејќи за нас луѓето не се само бројка, туку клучен дел од приказната што продолжуваме да ја раскажуваме“, изјави Горјан Кепески, менаџер на Ендава Скопје.

Тимовите во Ендава се крос-функционални и ги сочинуваат талентирани инженери со различна специјализација и ниво на сениоритет, фокусирани на креирање квалитетни решенија за нашите клиенти. Ваквиот пристап и овозможува на компанијата да преземе целосна одговорност за комплексни решенија во рамките на различни индустрии и да постигне успешни резултати.

„Можностите за раст во Ендава се многубројни и вклучуваат повеќе насоки, од технички кариерен пат до менаџерски функции, како и во нетехничките улоги “, изјави Еоин Вудс, технички директор на Ендава.

Како што Ендава расте, така продолжува да гради сеопфатна култура водена од главните вредности и цели на компанијата. Во продолжение погледнете го видеото по повод 10.000 вработени во Ендава, и заследете ги Facebook, Instagram и LinkedIn профилите на компанијата за да бидете во тек со сите новости.

Претходна статијаApple ќе претстави iPhone кој се преклопува дури во 2023 или 2024 година
Следна статијаOppo ги претстави Air Glass – додаток за очилата со „помошна“ реалност