За време на INNO Day 2021 настанот, познатиот кинески производител на смартфони претстави прилично нестандарден производ. Може да го наречеме паметни очила, меѓутоа не е баш тоа. Се работи за еден вид на монокл, односно додаток уред кој се поставува од едната страна и овозможува прикажување на помошна реалност, како што ја нарекуваат од компанијата.

Помошна, наместо проширена реалност е наречена функционалноста на овој уред во главно поради ограничената способност, односно Air Glass уредот не е замислен да прикажува слики и видеа во разни бои, како и посложени додатоци на реалниот свет, туку само кратки информации во една боја.

Oppo Air Glass користи мал проектор развиен од компанијата со Micro LED технологија. Исто така, екранот кој се користи е таканаречен „waveguide“ екран, што значи дека проекторот ја пренесува сликата на малото стакло низ кое слободно може да се гледа околината кога нема ништо прикажано.

Поради тоа што и самиот Oppo овој уред го нарекуваат за помошна реалност, тој во главно може да прикажува информации како известувања од мобилниот, насоки при навигација, преводи во вистинско време и слични информации во форма на текст.

Oppo Air Glass ќе бидат пуштени во продажба од првата четвртина од идната година и ќе се продаваат само во Кина, барем за почеток.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Oppo
Претходна статијаЕндава прославува 10.000 вработени ширум светот
Следна статијаПразнична магија го осветли Ист Гејт Мол
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.