По најавата од страна на Reuters, Huawei навистина го продаде нивниот подбренд Honor на група на инвеститори од Шенжен. Причината за оваа одлука беше најверојатно ситуацијата која се создаде со забраната која ја има Huawei да функционира со американските компании.

Honor сега како независен бренд, барем од Huawei, ја најави својата нова стратегија за настап, а и нивниот прв телефон. Honor View40 е телефонот кој моментално е достапен само во Кина, но се очекува да дојде и на западниот пазар.

Тоа што најмногу привлекува внимание е што се очекува дека овој бренд ќе може да дојде со сервисите и апликациите од Google, со оглед на тоа што компанијата нема директна забрана, сега кога не е поврзана со Huawei. Тоа може да претставува голем фактор за купување, посебно што се работи за веќе познат бренд кој до неодамна функционираше со помош на Huawei.

Инаку, View40 доаѓа со 6,72 инчен OLED екран кој има и 120Hz стапка на освежување, како и 300Hz осетливост на допир. Ова, заедно со резолуцијата од 2.676 на 1.236 пиксели, гарантира до некаде дека се работи за одличен екран и корисниците може да ги очекуваат едни од најдобрите искуства.

Телефонот исто така работи на чип од MediaTek, Dimensity 1000+, кој за жал не е новопретставениот и посилен Dimensity 1200.

Батеријата е со капацитет од 4.000 mAh, а ќе се полни со брз полнач со 66W кој овозможува полнење до 60% за само 15 мин.

Главната камера има сензор од 50 мегапиксели, а исто така телефонот доаѓа со поддршка за 5G.

Зависно од просторот за податоци, Honor View40 ќе се продава за цена од околу 600 долари.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.