Иако MediaTek е еден од најпродаваните чипови во светот кој изминатата година го има и првото место, тоа сепак се однесува на уредите од пониските класа, како и средната. Кога е во прашање високата класа на уреди, јасно е дека тука главното место го држи Qualcomm со нивните Snapdragon чипови, а секако тука е и Exynos од Samsung.

Во годината што следи ќе треба да вклучиме уште еден играч на пазарот на уреди од висока класа. MediaTek се реши да настапи повеќе на овој пазар, односно посериозно, па може да се каже дека има производ кој до некаде ќе им направи конкуренција на Qualcomm и Samsung.

Најновиот чип од MediaTek е Dimensity 1200. Се работи за 6nm чип, што е интересен избор од компанијата, наместо 5nm технологија во која се прават најновите од конкуренцијата, но сепак напредок од претходната генерација која беше направена со 7nm технологија.

Чипот очекувано ќе дојде со поддршка за 5G мрежите, нешто што во 2021 веќе е стандардно. Процесорот во Dimensity 1200 е осум јадрен, а главното јадро е Cortex-A78 кое ќе работи до 3GHz, додека останатите се Cortex-A78 до 2,6GHz и Cortex А-55 до 2GHz.

Од ова може да се заклучи дека иако овој чип ќе овозможи одлични перформанси, сепак нема да може да им конкурира на другите кои го имаат Cortex-X1 јадрото за извршување на задачи кои бараат најмногу ресурси.

Сите карактеристики на MediaTek Dimensity 1200 можете да ги погледнете на инфографикот во продолжение.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2MediaTek
Претходна статијаЕвропската политика за Huawei треба да се заснова на факти, тврди Дик Рош
Следна статијаОсновачот на Pebble претстави апликација за разговарање со 15 различни сервиси од едно место
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.