После одреден период на тестирање, Microsoft пред една година, поточно на 15-ти јануари, ја претстави првата официјална верзија од новиот Microsoft Edge. Главната разлика на прелистувачот овој пат беше тоа што тој сега е направен на основа на отворениот Chromium код, кој го развива Google и на чија основа исто така е направен најпопуларниот прелистувач Google Chrome.

Со оваа одлука може да се каже дека Microsoft конечно ја погоди „рецептата“, па Edge покажува доста голем успех, а и ние се префрливме после долги години верност на Mozilla Firefox.

Најновата верзија од Microsoft Edge е базирана на Chromium 88, со што и Edge ја носи истата верзија, односно Microsoft Edge 88. Од компанијата со оваа верзија воведуваат доста новини поврзани со повеќе аспекти од апликацијата.

Microsoft Edge добива освежување на изгледот преку промена на иконите кои се користат низ корисничкиот интерфејс, кои се направени со Fluent дизајн правилата, како и нови теми. За почеток се достапни 24 теми кои корисниците можат да ги изберат од страната на Microsoft за додатоци, на овој линк, а исто така прелистувачот им поддршка и за темите достапни на Chrome Web Store.

Со 88-мата верзија Microsoft Edge добива и можност за синхронизација на отворените „табови“, како и историјата на сурфање, нешто на кое се чекаше чудно долго време. Исто така Edge ја добива за сите корисници функцијата за пребарување во посебен дел на десната страна од екранот, со што се трга потребата од отворање на посебна страна кога се сака да се пребара нешто врз основа на селектиран текст или слика.

Перформансите на Edge се подобруваат со вклучување на функцијата „Sleeping tabs“. Оваа функција за корисниците кои имаат лаптоп, односно уред на батерии, ќе направи разлика во потрошувачката на ресурсите со „суспендирање“ на табовите кои не се користат кога се отворени повеќе табови.

Уште подобро, во Settings > System е достапна можноста да се избере времето потребно да се „заспијат“ табовите, па достапен е изборот од 5 минути, па до 12 часа на неактивност.

Интересна новина е и можноста за прикачување на Outlook.com имејл сервисот, кој е со истиот корисник кој е најавен на прелистувачот, на „new tab“ страната, па со поминување врз иконата ќе може да се видат најновите мејлови, како и да се започне нова порака. Истото може да се направи и со MSN News, па корисниците ќе може да ги видат најважните наслови од нивните интереси.

Microsoft Edge 88 исто така добива и можност за генерирање на сложени и безбедни лозинки за корисниците кои ги чуваат своите лозинки на прелистувачот. Исто така, корисниците ќе добијат известување доколку некои од нивните зачувани лозинки се дел од некој хакиран сервис, па ќе може веднаш и да ја променат.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаHonor го претстави View40, првиот телефон по продажбата на брендот од страна на Huawei
Следна статија„Макпетрол“ со донација на таблет компјутери во вредност од над 6 милиони денари за учениците во основните училишта
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.