По најавата од страна на Reuters, Huawei навистина го продаде нивниот подбренд Honor на група на инвеститори од Шенжен. Причината за оваа одлука беше најверојатно ситуацијата која се создаде со забраната која ја има Huawei да функционира со американските компании.

Honor сега како независен бренд, барем од Huawei, ја најави својата нова стратегија за настап, а и нивниот прв телефон. Honor View40 е телефонот кој моментално е достапен само во Кина, но се очекува да дојде и на западниот пазар.

Тоа што најмногу привлекува внимание е што се очекува дека овој бренд ќе може да дојде со сервисите и апликациите од Google, со оглед на тоа што компанијата нема директна забрана, сега кога не е поврзана со Huawei. Тоа може да претставува голем фактор за купување, посебно што се работи за веќе познат бренд кој до неодамна функционираше со помош на Huawei.

Инаку, View40 доаѓа со 6,72 инчен OLED екран кој има и 120Hz стапка на освежување, како и 300Hz осетливост на допир. Ова, заедно со резолуцијата од 2.676 на 1.236 пиксели, гарантира до некаде дека се работи за одличен екран и корисниците може да ги очекуваат едни од најдобрите искуства.

Телефонот исто така работи на чип од MediaTek, Dimensity 1000+, кој за жал не е новопретставениот и посилен Dimensity 1200.

Батеријата е со капацитет од 4.000 mAh, а ќе се полни со брз полнач со 66W кој овозможува полнење до 60% за само 15 мин.

Главната камера има сензор од 50 мегапиксели, а исто така телефонот доаѓа со поддршка за 5G.

Зависно од просторот за податоци, Honor View40 ќе се продава за цена од околу 600 долари.

ИЗВОРHonor
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЕлон Маск најави награда од 100 милиони долари за најдобра технологија за собирање на јаглерод диоксид
Следна статијаНа годишнината од првата официјална верзија, Microsoft Edge 88 донесува повеќе новини
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.