Shutterstock.com

Елон Маск вчера преку Twitter најави дека планира да донира 100 милиони долари како наградата за најдобра технологија за собирање на јаглерод диоксид од атмосферата. Ова се смета за најголема донација од моментално најбогатиот човек во светот, нешто по кое сепак не е многу познат.

Како дополнителен „твит“ Маск истакнува дека повеќе детали за неговата најава ќе има идната недела, па останува тогаш да видиме што се може да се очекува.

Ова е одличен чекор од страна на сопственикот на компанијата која ги популаризира и ги направи „мајнстрим“ целосно електрични автомобили, нешто што ќе има долгорочен ефект кон подобрувањето на начинот на кој ја третираме околината. Секако, ова е само еден фактор од повеќе, но свеста се повеќе се зголемува кај луѓето и властите.

Додека повеќето автомобили, како и другите извори на јаглерод диоксид, се заменат со нови и еколошки алтернативи, собирањето на испуштената количина од гасот е еден начин на забавување на штетата која се прави.

Очекуваме да видиме идната недела каков план има Екон Маск.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаМакпетрол Инфо Поинт: Подготовка на возилото за зима, задолжителна опрема и правила
Следна статијаHonor го претстави View40, првиот телефон по продажбата на брендот од страна на Huawei
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.