Компанијата минатата година набави 1.000 таблети, во вредност од над 6 милиони денари, кои поради работата во услови на пандемија, отежнат транспорт и испорака ги доби оваа недела. Донацијата е наменета за учениците во 20 основни училишта ширум државата. Распределбата на донацијата е извршена во соработка со Министерството за образование и наука, се со цел истата да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Во овој период учениците и нивните семејства соочувајќи се со предизвиците кои ги наметна пандемијата, мораа да се прилагодат на дигиталниот начин на образование, па токму затоа како компанија решивме да го олесниме тој процес на транзиција.

Свесни сме дека нашите најмлади, кај кого е клучот за подобра иднина, заслужуваат да бидат во чекор со модерниот свет, а на нас, возрасните, ни е задача истото да им го овозможиме.

Веруваме дека има моменти во кои воопшто не е потребно многу за да се направи промена, а вложувањето во образованието како еден од најважните столбови на една држава е од големо значење.

„Макпетрол“ АД Скопје ќе продолжи со својата заложба да вложува во општествено одговорни акции, бидејќи веруваме дека големината на една успешна компанија е токму во несебичните постапки кои можат да го подобрат квалитетот на животот на нашите граѓани.

Претходна статијаНа годишнината од првата официјална верзија, Microsoft Edge 88 донесува повеќе новини
Следна статијаХуавеј е прогласен од Gartner Peer Insights за избор на купувачите за 2020 за Центарот за податоци и „cloud“ мрежи кој доби највисоки оценки