Главниот човек во Meta за Instagram, Адам Мосери, при крајот на минатата година најави дека оваа година мрежата ќе го врати хронолошкото прикажување на објавите, нешто што се најавува веќе одреден период.

Мосери пред некој ден повторно излезе со видео обраќање на Twitter и најави дека оваа новина веќе се тестира кај ограничен број на корисници, па враќањето на хронолошката листа со новости, официјално започнува. На сите корисници оваа новина ќе им биде пуштена во првата половина од годината.

Хронолошкото прикажување на новите објави ќе биде воведено со мала промена во листата на новости која сега ќе биде поделена на три листи. Првата листа ќе биде наречена „Home“ и во основа ќе биде листата на новости каква што е досега, односно со алгоритамот на Instagram.

Со тек на време оваа листа ќе има уште повеќе предлози за корисниците, како и повеќе Reels видеа, нешто што беше најавено дека ќе има поголема важност за мрежата оваа година, а со оглед на успехот на TikTok, воопшто не е чудно.

Двете нови листи се тие кои го враќаат хронолошкиот ред на објавите и тие се поделени на „Following“ и „Favorites“. Како што кажуваат и самите имиња, корисниците ќе можат да изберат да им биде прикажана хронолошка листа на новости од профилите кои ги следат или истото да го ограничат само на омилените профили.

Омилените профили ги бира сам корисникот, со што сега може да ги гледа само нивните објави, а останатите да ги остави за подоцна.

Според Мосери, повеќето корисници никогаш и не успеваат да ги видат сите објави, поради што се смета дека разгледувањето со алгоритам е подобро, но сега корисниците ќе имаат избор, а тие со помалку профили кои ги следат, сигурно ќе бидат позадоволни.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаSamsung Electronics ја претстави визијата „Заедно за иднината“ на CES 2022
Следна статијаHonor го претстави својот прв уред на преклопување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.