Shutterstock.com

Instagram веќе одамна, исто како што е случајот со „сестринската“ мрежа Facebook, функционира со помош на алгоритам кој одлучува која објава ќе им биде прикажана на корисниците, наместо класично прикажување на најновите објави по ред.

Според компанијата, користењето на алгоритам им овозможува на корисниците да не ги пропуштат објавите кои сакаат да ги видат, а прикажувањето на објавите хронолошки го прави токму тоа, односно корисниците поради големиот број на објави, не можат да ги видат тие што им се важни.

Без разлика на логиката, алгоритамот со години е предмет на критики, па Facebook овозможува гледање на објавите и хронолошки, иако тоа не е стандардниот начин на прикажување на новите објави.

Instagram ќе ја добие ова можност од идната година. Во каква форма ќе биде истата, односно колку лесно ќе се вклучува и слично, засега не е познато, па тука е само потврдата од главниот на мрежата Адам Мосери.

Тој потврдува дека се работи на оваа функција и истата ќе им биде пуштена на корисниците идната година. Според најавите, пуштањето може да се очекува во првата четвртина од идната година.

Гледањето на новите објави хронолошки реално може да не е најдобриот начин за корисниците кои имаат голем број на профили кои ги следат. Тие сигурно објавуваат огромен број на новости секој ден, па можно е да се пропуштат тие поважните.

Сепак, добро е да се има избор, па корисниците сами да одлучат како би сакале да ја користат друштвената мрежа.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаЗапочна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар
Следна статијаMicrosoft тестира пристапување до „виџетите“ во Windows 11 преку ново копче на левата страна од „таскбарот“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.