Instagram ќе го поедностави именувањето на неколкуте видови на видео содржина која е достапна на мрежата. Слабиот успех на IGTV придонесе до намалување на експонирањето на овој бренд, па сега тој ќе биде и целосно тргнат.

Овие видеа во издолжен формат, заедно со „обичните“ видеа кои корисниците можат да ги прикачуваат на нивниот профил, ќе бидат унифицирани и едноставно нарекувани Instagram Video. Со оваа промена ќе се промени и копчето кое досега беше достапно на профилите од корисниците.

Очекувано, дел од Instagram Video нема да бидат Reels видеата кои за разлика од IGTV се покажаа одлично. Со оглед дека тие се одговор на Instagram на TikTok, не е воопшто чудно што овој популарен формат на видеа успеа и на оваа мрежа.

Корисниците во главно нема да забележат голема разлика со оваа промена, а видеата ќе продолжат да може да се откриваат и преку за тоа наменетиот Explore дел во апликацијата.

Од Instagram најавија дека со оваа промена донесуваат и неколку новини во делот за видеа, а тоа се можноста за промена на должината на видеото кое се прикачува, филтери, како и означување на луѓе и локации.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Instagram
Претходна статијаФИТР панел дискусија: Социјалното претприемништво во Македонија е во пораст, но потребна е поголема поддршка
Следна статијаИталијанскиот оператор TIM ја има најбрзата 5G мрежа во Европа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.