Apple се познати по големиот број на патенти, а голем дел од нив се интересни и го привлекуваат вниманието, без разлика дали некогаш ќе ги видиме во комерцијален производ. Најновиот патент е софтвер за таканаречени „синтетички групни селфи слики“.

Ова значи дека корисниците кои се на различни локации може да направат селфи слики, а софтверот ќе ги намести како што треба за да изгледа како класично селфи, сликано од луѓе кои се едни до други.

Според патент апликацијата, корисниците добиваат покана за селфи и истата може да ја прифатат, по што ќе бидат ставени во сликата со останатите. Покрај селфи слики, може да се зачуваат и кратки видео клипови, односно движечки слики, како и стриминг во живо.

По сликањето на сликата, корисниците може да ја зачуваат и оригиналната слика, односно сликата каде што се само тие.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНовиот Honor телефон од Huawei може да ја мери температурата преку инфрацрвениот сензор на камерата
Следна статијаБил Гејтс зачуден од теориите на заговор поврзани со него
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.