Мерењето на температурата на луѓето е еден од најчестите начини за проверка дали некој можеби е заболен со COVID-19, како симптом којшто го имаат голем дел од заболените, а посебно тие кај кои болеста сепак покажува нешто поголеми симптоми.

Huawei со нивниот нов Honor Play 4 Pro сака оваа активност да ја направи најдостапна што може, па инфрацрвениот сензор во модулот на камерата е искористен да ја мери и температурата на објектите пред него, вклучувајќи ги и луѓето.

Мерењето се прави едноставно, се вклучува посебната апликација, телефонот се доближува do челото на тој што му се мери температурата и истата се прикажува на телефонот. Може да се мери температура од -20 до 100 степени целзиусови, што е погодно за мерење на повеќе работи освен човечката температура.

Како функционира оваа функција кај Honor Play 4 Pro е демонстрирано на видео на кинеската мрежа Weibo на овој линк.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2ARS Technicia
Претходна статијаСите Facebook корисници сега можат да ги префрлат своите слики и видеа на Google Photos
Следна статијаApple патентира софтвер за селфи слики на луѓе кои не се едни до други
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.