Shutterstock.com

Бил Гејтс веќе одамна е познат по неговата фондација „Bill and Melinda Gates Foundation“ преку која инвестираат во развојот на основни услови за живот во сиромашни делови од светот, пристап до чиста вода за пиење, а меѓу ова е и развојот и достапност на вакцини за овие сиромашни делови.

Гејтс дури излезе пред некоја година со говор на TED каде предупреди дека властите во светот не инвестираат доволно во здравството, посебно во споредба со воените буџети и дека тој смета дека најголема опасност за светот е пандемија, а не војна.

Сето ова од одредени групи на луѓе се сфати како „доказ“ дека токму Гејтс е тој кој стои зад развојот на новиот коронавирус, а ова е и уште една теорија, па тој сега ќе профитира од неговото форсирање за вакцинирање на населението во светот.

Уште поинтересен дел од овие теории на заговор е верувањето дека профитот не е единствената цел на вакцинирањето, а главната цел е да се вградат чипови во луѓето за нивно подобро следење.

За време на разговор со новинари при презентација на планот за инвестирање на 1,6 милијарди долари за достапност на вакцина во најсиромашните земји во светот, Гејтс конечно даде свој коментар за сите овие тврдења за него.

Тој очекувано е зачуден и не му се верува дека е можно да вакво нешто се тврди за него.

„На некој начин, ова е толку бизарно, скоро сакаш да го гледаш како нешто хумористично, но ова навистина не е хумористична работа. Никогаш не сум бил вмешан било каква работа за микрочипување.“ – истакнува Гејтс.

„Скоро е тешко да ги негира човек овие работи затоа што се толку глупи или чудни, што дури и со самото повторување изгледа дека им се дава кредибилитет“ – додава Гејтс.

ИЗВОРFast Company
ИЗВОР 2New York Post
Претходна статијаApple патентира софтвер за селфи слики на луѓе кои не се едни до други
Следна статијаSignal работи на воведување на групни видео разговори, шифрирани како и останатите разговори во апликацијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.