Основачот на MegaUploads Ким Дотком ја тужи државата Нов Зеланд за уништување на неговиот бизнис и нанесување штета на неговиот углед. Отштетата која тој ја бара изнесува неверојатни 6,8 милијарди долари. Тужбата се однесува на неговото апсење во 2012-та година.

Фото: The Journal

Основачот на рајот за он-лајн пиратерија, како своевремено го нарекуваа MegaUploads, беше затворен по налог на владата на САД во 2012-та година. Домот на Ким Дотком беше опколен од специјалните единици на полицијата, а тој беше уапсен по теркот на најголемите криминалци. Пред судот тој го користи аргументот дека за неговото апсење е користен лажен налог. Со оглед на тоа, сите понатамошни обвиненија покренати против него се ништожни.

Отштетата која тој ја очекува е пресметка за она што тој загубил како бизнис можности во изминатите 4 години. Како главен виновник тој ја посочува владата на Нов Зеланд која го овозможила неговото апсење.

Не би требало да изненади доколку тој го добие спорот бидејќи апсењето и комплетниот процес против него беа контроверзни. Налогот за негово апсење и судење го издаде САД, а властите на островот беспоговорно ги следеа инструкциите.

На страна од овој случај, Дотком е во процес во кој се бори против негова екстрадиција во САД. Таму тој би бил приведен под бројни обвиненија меѓу кои и прекршување на авторски права и перење пари. Неговото наредно рочиште од овој случај е закажано за 20-ти февруари годинава.

Извори: Cnet, PCMag

Претходна статијаКриминално добри серии од европска продукција
Следна статијаDieWithMe е чет апликација за кога имате помалку од 5% батерија