DieWithMe
Фото: Vimeo(Screenshot)

DieWithMe е чет апликација со помалку невообичаена функција. Оваа апликација можете да ја користите само ако вашиот мобилен телефон има помалку од 5% батерија. Таа ве поврзува да разговарате со случајни непозанти корисници чии мобилни исто така се на последни сили.

Се работи за вистинска и функционална апликација достапна за корисниците на iOS и Android оперативните системи. Намената на оваа апликација поставува еден огромен знак прашалник. Кој нормален човек би сакал да ги потроши последните атоми енергија на својот мобилен за да разговара со некој непознат, без особена причина?

Креаторот на DieWithMe, вели дека ова е негов обид луѓето да направат нешто позитивно, дури и со слаба батерија. Иницијално идејата била да се создаде апликација по теркот на популарните dating apps. Со разлика што корисниците ќе бидат охрабрени да разговараат во живо, поради ограниченото време кое го имаат да се допишуваат.

Интерфејсот е дизајниран сходно на околностите. Корисникот нема речиси никаков избор освен да се допишува со странец кој се избира по случаен избор. Исто како ChatRulet само со слаба батерија. Процентот на батерија е изразен покрај секоја испратена порака. Корисниците можат да разменуваат само текстуални пораки. Видео пораките и фотографиите се веројатно исклучени бидејќи дополнително ја трошат батеријата.

Апликацијата на интересен начин манипулира со емоциите на корисникот и го охрабрува да направи брз избор. Очајните социјални вештини за пронаоѓање на партнер кај луѓето, се чини дека ќе бидат вечна инспирација за develop-ерите на апликации.

Извори: Mashable, TechWeez, DieWithMe

Претходна статијаКим Дотком од MegaUploads го тужи Нов Зеланд за $6,8 млд.
Следна статијаПристигна Самсунг Галакси А8(2018)