Intel минатата недела и официјално ја претстави новата генерација, поточно 10-та генерација на процесорите наменети за лаптоп компјутерите. Наречени Ice Lake, процесорите доаѓаат во 11 верзии кои ќе се погодат за сите видови на корисници.

Оваа генерација на процесори е направена во 10nm технологија со што корисниците ќе ги видат предностите кои на секои 2-3 години доаѓаат со намалувањето на процесорите, односно подобрени перформанси со помала потрошувачка на енергија, но и помал простор.

Како главно подобрување кај Ice Lake се истакнува графичкиот процесор којшто сега ќе може да се мери и со некои од дедицираните графички картички, а ќе овозможи играње на повеќе игри во повисока резолуција.

Оваа генерација донесува поддршка за Wi-Fi 6, а значително се подобрени и способностите за вештачка интелигенција, нешто без кое не може ниту еден процесор во денешно време да се смета за доволно добар без тоа.

Intel Ice Lake процесорите доаѓаат во 11 верзии, односно 6 од „пониската“  Y класа и уште 5 нешто подобрите процесори од U класата. Како што може да се види, овие процесори се наменети за потенките лаптопи, така да се изразам, а не за бизнис моделите и моделите за професионалците кои планираат сериозна работа на своите компјутери.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.