Microsoft ја претстави втората генерација од Surface Laptop и Surface Studio

Овие два уреди, исто како што е случајот со Surface Pro 6, во главно добиваат надградба, без некои позначајни нови карактеристики

На вчерашниот настан, покрај шестата генерација од одличниот таблет/компјутер Surface Pro, Microsoft ги поднови и Surface Studio, се во едно компјутерот, како и Surface Laptop, „обичниот“ лаптоп компјутер од Surface серијата.

Како што беше случајот со Surface Pro 6, така и Surface Studio 2 и Surface Laptop 2 доаѓаат со истиот дизајн и стил како нивните претходници. Она што е различно се компонентите во нив кои ги прават да бидат во тек со времето, па корисниците кои бараат нови уреди или едноставно сакаат да продолжат со Surface линијата, имаат избор за истото.

Па така, овие уреди се засилени со најновата генерација од Intel процесорите, повеќе рам меморија, како и GTX 1070 за Surface Studio. Со ова корисниците добиваат уреди кои се во тек на напредокот на компонентите, на веќе одлични уреди, кои сепак ќе почекаме до идната година додека добијат некои позначајни новини.

Surface Studio се покажа како одличен уред за дизајнерите и генерално за развивачите. Surface Dial веднаш доби поддршка од апликациите како Photoshop, па корисниците добиваат можност за уникатен начин на работа со својот компјутер.

Surface Laptop доаѓа со екран на допир, меѓутоа тој не се издвојува од „куќиштето“, како што е случајот кај поскапиот Surface Book лаптоп. Овој уред исто така оваа година доаѓа со можност за избор во црна боја.

Оставете коментар