На Surface настанот којшто Microsoft го одржа вчера, беа претставени нови генерации од неколку уреди од компанијата, меѓу кои и на Surface Pro, хибридниот уред кој го започна трендот на вакви уреди.

Surface како уред не успеа да направи сериозно влијание на пазарот се до претставувањето на Pro верзијата. Овој лаптоп/таблет компјутер го започна успехот на Surface линијата од Microsoft, па сега веќе е нормално да и другите производители претставуваат такви уреди, а тоа го направи дури и Apple, иако тоа не сакаат баш да го признаат.

Surface Pro 6 претставува продолжеток на развојот на овој уред. Оваа генерација не донесува некои посериозни новини, па само се надоградува од претходната. Тоа го прави со вклучување на осмата генерација од Intel процесорите, што на еден уред кој влегува и во категорија на таблет, му дава прилично голема моќ.

Оваа генерација исто така донесува подобрување во екранот, а од компанијата на презентацијата го нарекоа екран со најдобар контраст којшто досега имаат успеано да го направат.

Surface Pro 6 ќе се истакне и со достапноста на црна варијанта која се повеќе станува популарна кај корисниците, како за уреди, така и за корисничкиот интерфејс на оперативниот систем.

Кога сме кај темен кориснички интерфејс, Microsoft на настанот ја најави и достапноста на October 2018 Update за Windows 10 која можете да ја симнете, односно треба да ви е достапна.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаWindows 10 October 2018 Update достапна за сите корисници
Следна статијаMicrosoft ја претстави втората генерација од Surface Laptop и Surface Studio
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.