TBT

Transformer Book Trio, кој за првпат се појави на овогодинешниот Computex претставува нов вид на ултра-портален уред. Trio се состои од дводелен дизајн и успева да комбинира лаптоп, таблет и десктоп во еден пакет.

За разлика од останатите слични уреди кои користат дводелен дизајн и комбинираат лаптоп и таблет, Trio оди еден чекор понапред со можноста на тастатурата да се поврзе монитор со што ќе се користи како десктоп компјутер, додека екранот ќе функционира самостојно како таблет. Ова е возможно благодарение на двата вградени процесори, еден во тастатурата и еден во екранот.

Тастатурата вдомува процесор од Haswell линијата на Intel, кој е придружен од 4 гигабајти DDR3 RAM меморија и хард диск со големина до 1 терабајт. За поврзување со монитор се интегрирани мини DisplayPort и микро HDMI конектори. Екранот е со големина од 11.6 инчи и прикажува 1080p резолуција. Во него е сместен двојадрен Intel Atom Z2760 процесор кој работи на фреквенција од 1.6 гигахерци, 2 гигабајти LP DDR2 RAM и од 16 до 64 гигабајти eMMC меморија зависно од моделот. Двата дела имаат можност за поврзување преку Wi-Fi и Bluetooth, и доаѓаат со посебна батерија. На екранот е вградена и 5 мегапикселна камера. Trio користи два оперативни системи, Windows 8 и Android 4.2 со можност за инстантно префрлање од еден на друг преку притискање на копче додека уредот е во функција на лаптоп.

Сеуште не е  познато кога точно Asus ќе почне со продажба на Transformer Book Trio и која ќе биде неговата цена, меѓутоа се очекува да биде достапен од Октомври.

Претходна статијаCreative претстави 3 нови модели на безжични звучници
Следна статијаОфицијална верзија на Songza за Windows Phone 8