iphone-6-bending

По пријавувањето од страна на одредена бројка на корисници на новиот iPhone 6 Plus модел, дека забележале свиткување на телефонот после одредени период на негово носење во џеб и седење, беше прикажано видео од страна на Unbox Therapy на кое што се гледа дека телефонот навистина може да се свитка. За потсетување, iPhone 6 Plus е поголемиот од двата нови модели со екран со големина од 5,5 инчи, а е направен од алуминиум поради кој што најверојатно е можно виткањето. Според информациите сепак ова не е случај со сите телефони, односно ова се случува само кај одредени корисници, а слични проблеми биле пријавувани и со постарите модели од Apple.

Корисниците кои што ги имаат свиткано своите телефони носејќи ги во џебот или други слични ненамерни ситуации, ќе можат да ги заменат како дел од гаранцијата на уредот. До оваа информација имаат дојдено од порталот The Next Web, кои што го имаат контактирано онлајн центарот за поддршка на компанијата. Од таму потврдуваат дека доколку некој корисник има проблем со свиткување на неговиот уред, може истиот да го донесе во некоја од продавниците на Apple, каде што ќе му биде направена Визуелна механичка инспекција од страна на „Genius“ вработените. Доколку биде заклучено дека уредот е навистина свиткан и дека истото е очигледно дека не е направено намерно, уредот ќе му биде сменет со нов.

Тоа 100% зависи од Genius вработениот со кој што ќе разговарате во продавницата. Постои тест наречен Визуелна Механичка Инспекција кој што уредот ќе треба да го помине. Доколку е во границите на упатствата, тие ќе можат да бидат покриени, доколку не, замената ќе треба да биде платена.

Ќе биде интересно да се видат реакциите од корисниците кои што ги имаат однесено своите уреди, односно како вработените визуелно ќе успеат сигурно да утврдат дали уредот е намерно или ненамерно свиткан.

Извор: ZDNet, The Next Web

Претходна статијаApple ја издаде првата надградба за iOS 8, по што веднаш ја повлече поради пријавени проблеми
Следна статијаFacebook даде дополнителни информации за нивниот Интернет преку беспилотни летала проект
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.