Screenshot 2014-09-24 18.32.47

Како што започна продажбата на новите iPhone 6 модели, одредени корисници почнале наводно да пријавуваат проблем со поголемиот 5,5 инчен 6 Plus модел. Според нив, телефонот се свиткал поради тоа што го носеле во џебот од нивните панталони. Кога ќе размислите, има логика да телефон со таа големина биде под притисок кога ќе биде ставен во џебот, а посебно ако се работи за потесен. Исто така, како што знаеме, новите модели се направени од алуминиум, па изгледа покрај предностите на овој материјал, се појавуваат и одредени маани.

Познатиот YouTube канал Unbox Therapy решава да го стави на тест ова тврдење, па според тоа што може да се види од нивното видео, новиот iPhone 6 Plus навистина се витка доколку доволно јако се притисне. Виткањето на уредот според видеото е најистакнато на делот кај што се наоѓаат копчињата за звук, а оставаме на вас да одлучите што да мислите за објавеното видео и новиот модел од Apple.

Извор: Mashable

Претходна статијаBlackBerry Passport, нестандарден телефон кој што треба да ја врати популарноста кај бизнис корисниците
Следна статијаApple ја издаде првата надградба за iOS 8, по што веднаш ја повлече поради пријавени проблеми
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.